Златото забележуваше постојан пораст на вредноста во последните месеци и дури во еден момент достигна цена од 1.941 долари за унца, но сега падна под 1.800 долари. Неговата цена во моментов лебди околу 1.780 долари за унца.

Причината за ваквиот пад е позитивната вест од фармацевтските компании, кои најавуваат ослободување на дури три вакцини против вирусот. Да потсетиме, златото најмногу се инвестира во неизвесни времиња, па секое соопштение за нормализација ја намалува неговата вредност.

Иако ситуацијата е сè уште далеку од нормална, другите показатели сугерираат стабилизација на пазарот. Интересот за биткоини расте, што значи има апетит на инвеститорите за ризични инвестиции. Резултатите од изборите во САД не влијаеја лошо ниту на финансиските пазари, а особено ги охрабри најавата дека Џенет Јелен, поранешниот шеф на ФЕД, може да стане министер за финансии.