Денеска речиси 330 илјади пензионери ќе добијат зголемени пензии за 3%.

Станува збор за редовно порамнување, кое се прави 2 пати годишно, согласно порастот на трошоците за живот.

Зголемувањето е во просек за 460 денари, а најниските – до 11.000 денари ќе бидат повисоки за 304 денари.

Минимална пензија земаат скоро 90 илјади лица. Предвременета исплата значи дека Фондот е во добра кондиција, вели првиот човек на ПИОМ.

Следното зголемување, односно порамнување ќе биде во јули.