Startup Macedonia заедно со Impact Foundation поддржани од RECONOMY програмата продолжуваат со серијата на настани Founders’ Nights – Од фриленсери до ко-основачи. Како и претходниот настан така и на овој настан четворица основачи на стартапи ќе го претстават својот бизнис пред публиката и ќе ги инспирираат фриленсерите да развијат сопствен бизнис.
Целта ни е филенсерите да ни се приклучат како коосновачи, како членови во тимот на некој од стартапите или да се поврзат за да ја отпочнат својата стартап приказна. Основачи на стартапите ќе зборуваат отворено за искуството во креирање на свој бизнис и за предизвиците со кои се соочиле во креирање и растење на истиот, како и можноста за приклучување во нивниот тим. Фриленсерите би можеле директно на настанот да се информираат како да се вклучат кон некои од тимовите или да ја понудат својата услуга за нив.
Founders’ Nights – Од фриленсери до ко-основачи
Датум: 16.03.2022 (среда)
Време: 18:00 часот
Место: Јавна соба, Поткровје, Скопје
Настанот ќе биде се одржи со физичко присуство во Public Room, и ќе има онлајн стриминг од страна на Стартап Македонија.
Резервирајте си место со време! 🙂
Регистрација за физичко присуство на следниот линк –
https://forms.gle/HAu167S3vRnPKy91A

Говорници и нивните стартапи:
Ангелина Блажеска – ко-основач на FitKit, првата македонска фитнес апликација која дава пристап до најпопуларните локални инструктори, fitness и wellness локации!
Иван Јодановски – Upshift ги поврзува луѓето со бизнисите на кои им е потребен дополнителен персонал.
Сања Лазаревска – основач и извршен директор на Bio 422, првите биоразградливи хулахопки со алое вера во светот, хулахопки кои целосно се разградуваат, претворајќи се во биомаса за најмногу три до пет години која може да се користи за енергија.
Дамјан Дано – ко-основач и партнер во IWM Network, ИКТ компанија основана во 2008 година со едноставна идеја да им помогне на компаниите подобро да го разберат променливиот дигитален свет и да ги искористат неговите предности на паметен начин.