Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна плата во Македонија за јули 2025 година. Според објавените бројки, просечната исплатена нето плата изнесувала 45.276 денари, додека бруто платата достигнала 68.102 денари. Во споредба со истиот месец минатата година, има зголемување на платите, што се должи на зголемувањата во неколку клучни сектори.

Во јули 2025 година, просечната исплатена нето месечна плата изнесувала 45.276 денари, додека просечната исплатена бруто месечна плата изнесувала 68.102 денари, објави ДЗС.

Во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, просечната месечна нето плата исплатена на вработените е за 10,5 отсто повисока.

Ова зголемување главно се должи на зголемувањето на просечната месечна нето плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 16,5 отсто, Образование за 15,0 отсто и Здравствена и социјална работа за 14,8 отсто.

Намалување на просечната месечна нето плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски и осигурителни дејности за 4,0 проценти, Рударство и вадење камен за 3,3 проценти и Информации и комуникации за 3,0 отсто.