Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја поддржат Аргентина, но не смета дека е потребен финансиски „бејлоут“. Изјавата дојде за време на средбата со аргентинскиот претседател Хавиер Милеј на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Истовремено, Светската банка најави забрзување на 4 милијарди долари јавни и приватни инвестиции од вкупниот пакет од 12 милијарди, со фокус на сектори како рударство, енергија и туризам.

Трезорот на САД, преку секретарот Скот Бесент, разгледува повеќе опции за стабилизирање на аргентинските финансиски пазари, меѓу кои и користење на фондови за купување песо или државен долг, како и отворање валутни своп линии.

По најавите, аргентинскиот песо зајакна речиси 5%, а меѓународните обврзници забележаа раст. Но, внатрешно во САД има критики – сенаторката Елизабет Ворен оцени дека користење на американски даночни средства за стабилизирање на странска економија е „длабоко проблематично“.