Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија (АФД) денес преку Зум платформата, ќе оддржи презентација за постигнатите резултати од годишното истражување на пазарот на финансиски друштва во Република Северна Македонија.

На овој настан, обраќање ќе имаат Јана Никодиновска – генерален секретар на АФД, Маја Кадиевска – Војновиќ, финансиски експерт, поранешен вицегувернер задолжен за операции на финансиски пазари и платни системи, предавач на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Филип Димитровски – претседател на АФД.