Од 1 декември стапуваат во сила нови правила за станбените кредити, со кои се воведуваат построги услови за граѓаните што веќе поседуваат стан и сакаат да купат дополнителен недвижен имот, додека за прв стан ќе останат досегашните поповолни услови.
Оние што купуваат втор или трет стан ќе можат да добијат помал кредит и ќе мора да го отплатат за најмногу 25 години, наместо досегашните 30.
Исто така, се намалува и делот од месечната плата што може да се издвојува за кредитни рати, па така, на пример за граѓанин со плата од 60.000 денари, тоа ќе значи 3.000 денари помалку расположливи средства за отплата.
За купување прв стан, условите остануваат непроменети. За недвижност од 100.000 евра потребно е учество од најмалку 10.000 евра, а кредитот може да се отплаќа во период од 30 години.
Со измените, Народната банка настојува да го ограничи прекумерното задолжување на граѓаните.