Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2022 година изнесува 129 374 лица. Тие својот работен ангжман го реализираат во 1 354 институции. 

Бројот на институции во однос на 2021 година е зголемен за осум, соопшти на денешната прес-конференцијата министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Тој информира дека од 1 354 институции, 60 отсто се на локално ниво, а околу 40 отсто се на централно ниво. Од нив, најмногу или 533 институции се од дејноста образование, труд и социјална политика се 125 институции, култура – 121, управа – 117, комунални работи – 113, здравство – 111, локална власт – 81, правосудство – 64, правда -14 …

-Споредбено со Извештајот за 2021 година, бројот на вработени во јавниот сектор е намален за 2 714 вработени. Од вкупниот број, 18 909 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција, истакна министерот за информатичко општество и администрација во Владата.

Посочи дека освен како бројка, за овие вработени лица во Извештајот не се прикажуваат други детали и анализи. Додаде дека тоа е поради законски и безбедносни причини.