Атом, првиот функционален модел на руски електричен автомобил, беше претставен во Москва. Акционерската компанија Кама, поддржана од Сергеј Когогин и Рубен Вардањан, планира да ги тестира батеријата, системот за контрола и шасијата до крајот на оваа година, пренесува Комерсант.

Првиот електричен автомобил ќе биде произведен до крајот на 2024 година, а сериското производство и масовната продажба ќе започне кон средината на 2025 година, изјави генералниот директор на компанијата Кама, Игор Повараждњук, пренесе Танјуг.

Aтом ќе се продава не само на рускиот пазар, туку и во Кина, Југоисточна Азија, Турција и Индија.