Владата усвои предлог-измени на законски решенија кои се дел од даночната реформа

2022-12-09 20:00

Владата на денешната седница усвои неколку предлог-измени на законски решенија кои се дел од даночната реформа што треба да стартува од 1 јануари. Како што соопшти попладнево владината прес-служба усвоени се предлог-измените на Законот за данокот на личен доход, Законот за данокот на додадена...

Буџетските корисници треба да ги обезбедат средствата за К-15 од сопствениот буџет

2022-12-09 18:55

На денешната седница, Владата донела заклучок со којшто се задолжуваат буџетските корисници да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор да ги обезбедат во рамки на одобрениот сопствен буџет за 2022 година со внатрешна прераспределба меѓу расходните ставки. – Имајќи...

Откупот на тутун без проблеми, може да заврши до крајот на декември

2022-12-09 18:52

Откупот на тутунот се одвива непречено, без проблеми и според динамиката се очекува да заврши до Нова Година, информираат од Државниот земјоделски инспекторат. Досега се откупени преку 9 000 тони по просечна цена од над 275 денари за килограм. Според Јане Станкоски, директор на...

Од полноќ поголемо намалување на бензините!

2022-12-09 15:00

Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а поголемо намалување ќе има и кај бензините, потврдуваат за МИА од Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Намалување ќе има и кај...

Стапката на невработеност во третиот квартал 14,3 %

2022-12-09 13:30

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Македонија изнесува 808 328 лица, од кои вработени се 693 062, а 115 266 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 55.2, стапката на...

Прехранбените фирми можат да се пријават до 20 декември за субвенционирано снабдување од 1 јануари

2022-12-09 12:00

Субвенционирано снабдување со електрична енергија преку ЕСМ продажба почна од 1 декември за пријавените и прифатени физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, по шифри опфатени во одлуката на Владата. Субјектите од оваа категорија кои не...

Двоцифрената инфлација во Македонија се должи на домашните фактори и погрешните политики

2022-12-09 11:32

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ во вчерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека за инфлацијата има фактори кои што се увезени и се заеднички за сите држави во светот и во Европа и има фактори кои што се...

НБРМ: Расте бројот на кредити за еколошки цели

2022-12-09 10:49

Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи 17,7 отсто. Зелените кредити се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија, информираат од...

Индија е на пат да стане најголем увозник на руска нафта

2022-12-08 20:00

Русија е на пат да стане најголемиот добавувач на нафта во Индија овој месец, при што Москва ќе направи огромен упад во енергетскиот сектор на азискиот гигант, потег кој најверојатно ќе го поткопа влијанието на плафонот на цените наметнат од земјите на Г7 и...

Деспотовски: За прв пат просечната плата во ТИР зоните е поголема од просечната во земјата

2022-12-08 19:00

За прв пат просечната плата во зоните е поголема од просечната во земјата и очекувам тој раст да продолжи. Ние уште на почетокот кога ја преземавме работата во зоните рековме дека синтагмата „евтина работна сила како мамка за привлекување странски инвестиции“ ја бришеме од...