Ворен Бафет познат американски инвеститор и петти најбогат човек на светот, донирал околу четири милијарди долари на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и уште четири добротворни организации што ги водат децата на Бафет, пишува Ројтерс.

Од 2006 година, 91-годишниот Бафет донирал повеќе од половина од своите акции, а донациите се во вредност од околу 45,5 милијарди долари. И покрај донациите, Бафет сè уште поседува околу 16 отсто од Беркшир Хатавеј и контролира околу една третина од нејзината гласачка моќ.

„Ако ми го понудивте целиот биткоин на светот за 25 долари, немаше да го земам. Што можам да направам со тоа? Ќе морам да ви го продадам назад на овој или оној начин. Тоа нема никаква цел. Становите ќе генерираат приходи од изнајмување, а фармите ќе произведуваат храна.Да ги имав сите постоечки биткоини, повторно ќе бев на истата позиција како основачот на биткоинот Сатоши.

Не знам дали вредноста на биткоинот ќе се зголеми или намали во следната година, пет или десет години. Единствено во што сум сигурен е дека не се размножува, ништо не произведува. Има магија во себе, но луѓето прилепуваат магија на многу работи“, рече Бафет.