По полноќ нови цени на горивата. Бензинот поскапува за 3,5 денари, а дизелот за 8,5 денари

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 (денари/литар)

Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 59,165 (денари/килограм)

Марко Бислимовски вечерва во гостувањето на „Топ Тема“ најави дека Регулаторната комисија за енергетика ќе објави нова цена на горивата која се базира на методологија која се прави врз основа на котации на берзата во рок од 5 дена.