Биткоинот падна под 45.000 американски долар, откако минатата недела ја достигна највисоката вредност – 58.355 долари.

Ова се случи откако милијардерот Бил Гејтс рече дека тој „не е љубител на биткоинот“ затоа што претпочита да инвестира во производствени компании, пренесува Телетрајдер.

Најпознатата криптовалута во светот падна за 5,37 проценти, на 44.559,9 долари во 2:38 часот по источно време.