(Време за читање – 6 минути)

Март 2014 – Биткоинот постои веќе 5 години и добива огромно внимание. Мислењата се поделени, некои мислат дека Биткоинот претставува една од најдобрите револуции во технологијата,  други дека е најголемиот меур во историјата и кога тогаш ќе пукне. Цените се движат нагоре и надолу, поради многу факти како што можевте да видите  во првиот дел од статијата за Биткоин. Па, да продолжиме и да видиме како ќе се развива Биткоинот.

Во почетокот на 2014 година цената на Биткоинот опадна многу брзо поради ограничувањата во Кина и затворањето на една од најголемите Биткоин менувачници Мт. Гокс. Цената се движи нагоре и надолу, од околу 400$ до 600$ и 700$ за Биткоин.

18Јули – Компанијата DELL го прифаќа Биткоинот како платежно средство. Основачот на компанијата Мајкл Дел најавува дека (dell.com) почнува да ги прифаќа Биткоините и постанува најголема компанија која го прифаќа Биткоинот.  Многу од водечките продавачи на интернет, исто така го следат овој модел и почнуваат да го прифаќаат Биткоинот како платежно средство.

11 Декември – Мајкрософт започнува да го прифаќа Биткоинот како платежно средство за клиенти од САД за апликации, игри и други дигитални содржини.

19 Декември – Чарли Шрем извршен директор на Биткоин менувачницата БитИнстант е осуден на 2 години затвор за неговата улога во перењето на пари за корисниците на “Патот на свилата” онлајн пазар. Цената на Биткоинот паѓа многу ниско: 313 $ за биткоин .

2015 – Биткоин нема одличен почеток. Цената е 275 $.

4 Јануари –Менувачницата на Биткоини Битстрим е хакирана. Хакери успеваат да украдат 18.866 Биткоини од оперативниот паричник на Битстамп, што е околу 5.2 милиони долари. Битстамп веднаш ги стопира операциите на 8 дена, за да ја обноват нивната платформа за тргување.

3 Јуни – Државата Њујорк издава БитЛиценца. Државата Њујорк издава збирка на кориснички правила, со цел да ги регулира Биткоинот и сите бизниси кои работаат со дигитални валути а кои им служат на клиентите на Биткоин во државата Њујорк. Ова се првите официјални прописи за дигитални валути. Според овие прописи, дигиталните компании што им служат на клиентите од Њујорк мора да аплицираат за БитЛиценца, која изнесува 5000 $, мора да обезбедат отпечатоци од прсти на вработените за ФБИ, писмено одобрување на сите нови деловни активности и уште ред  други правила. На клиентите кои живеат во Њујорк им било забрането тргување со Биткоин од страна на многу менувачници, како што се Битфинекс, Кракен, Битквик и Шејпшифт. Цената на Биткоинот изнесува 226 $.

01 Август– Марк Карпелес, извршниот директор на неуспешната менувачница Мт. Гокс е уапсен во Јапонија. Се смета дека Мт. Гокс украла над 744.400 Биткоини.

15 Август – Биткоин (XT) вилушката е ослободена . Основнитепрограмерина Биткоинот Мајк Херн и Гевин Андресен објавуваат посебна верзија на Биткоин софтверот наречен (Bitcoin XT). Ова покренува многу контроверзии меѓу Биткоин развојната заедница .

22 ОктомвриЕвропската Унија изјавува дека не постои основа за да се додаде ДДВ (данок на додадена вредност) во Криптовалутите.  Вредноста на Биткоинот изнесува 273 $.

31  Октомври – Биткоинот се наоѓа на насловната страница на светски популарниот магазин “Економист”. Економист напиша статија за Биткоинот  “Машината за доверба”, а написот се фокусираше на технологијата Блокчејн и исто така магазинот промовира да банките и владините институции можат да ја имплементираат оваа нова технологија. Вредноста на Биткоиот изнесува 323 $.

2016 – Биткоинот има добар почеток. Цената е нешто повеќе од 400 долари. Таа е стабилна и не се увединтерина поголеми падови се од 2014 година. Сеуште цената е ниска во споредба со 1242 $ на крајот на 2014 година.

14 Јануари – Мајк Хернс (поранешен развивач на Гугл), кој беше во голема мера вклучен во Биткоин заедницата и во голем број на проекти во раните денови, изјавува дека не сака да има ништо со Биткоин и дека Биткоинот не успеал. Поради оваа изјава за 24 часа цената падна повеќе од 50 долари. Биткоинвредноста во моментот изнесува 431 $. Луѓето во заедницата Биткоин го обвинија дека намерно го напаѓа Биткоинот, со цел да го промовира својот нов проект (R3 CEV), кој е фокусиран на користење Блокчејн технологија за подобрување на работењето на глобалната банкарска индустрија

21 Февруари – Голем број на влијателни членови на заедницата Биткоин остварија средба во Хонг Конг за да разговараат за развојниот план и временската рамка за намалувањето на Биткоин. Нивниот предлог е да се направи(HardFork) во протоколот Биткоин кој ќе ги зголеми границите на користење на Blockchain технологијата за подобрување на работењето на глобалната банкарска индустрија

9 Јули – Биткоин вредност инесува 652 $

По втор пат во историјата на Биткоинот е намалена наградата за миниран блокна 12.5. Награда за бројот на новосоздадените битковини ќе заврши во 2140 година. Следниот блок од половина се очекува да биде во јули 2020 година.

2 Август – Битфинекс , најголемата Биткоин менувачница по обем, беше хакирана.Битфинекс најави дека 119.756 Биткоини на клиентите биле украдени, која изнесуваоклу  72 милиони $. Цената наБиткоинот падна речиси за 20% или 480 $ за Биткоин.

До крајот на 2016 година Биткоин цена продолжува да расте. Нема големи падови до крајот на годината.

2017 – Ова е година на Биткоинот . Во 2017 Биткоинот ќе ја зголеми драстично својата цена. Да видиме како се се одвива позитивно за Биткоин .

3 Јануари –Цената на Биткоинот изнесувае 1020 $. За прв пат по 3 годиницената на Биткоинот е повисока од нормалната.

1 Април – Јапонија го прогласува Биткоинот како законско средство за плаќање. Вредноста на Биткоинот изнесува 1085 $. Јапонија го призна Биткоинот како метод на легално плаќање, по долги дебати кои траеја со месеци.

1 Август – Биткоинот се дели на два дела Биткоин (BTC) и БиткоинКеш (BCH).  По неколку години дебатирање за кодот Биткоин, Биткоинит се  дели во две различни насоки.  Првата е поддршка на оптимизацијата на блоковите на Биткоин преку (Segwit), додека втората поддржува поголеми блокови до (8MB).  Овие поголеми блокови се нарекуваат БиткоинКеш (BCH). Оваа поделба двојно го зголеми бројот на луѓето кои поседуваат Биткоин . Пример: Ако сте имале 10 Биткоини  пред 1Август сега ќе имавте 10Биткоини и 10 БиткоинКеш.  Цената на Биткоинот изнесува2787$. Следните месеци ќе видиме огромно зголемување на цената на Биткоинот.

3 Септември – Кина им забранува на компаниите да собираат пари преку (ICO’s). Цената на Биткоинот  речиси двојно се зголеми за еден месец 4668$. Кина дефинира дека првичните понуди за монети (ICOs) претставувват неовластена алатка за прибирање финансиски средства,кои вклучуваат измами. Цената 10 дена подоцна падна на 4223 $.

12 Септември – шефот на ЈП Морган, Џејми Димон, го нарекува Биткоинот измама. Исто така, вели  дека ќе ги отпушти сите вработени кои тргуваат со Биткоин . На конференцијата за инвеститори во Њујорк тој кажа дека Биткоинот на крајот ќе експлодира. ” Тоа е измама ” и ” полошо од манијата со лалиња”. Цената на Биткоинот изнесуваше 4166 $, а по 10 дена таа падна  на 3807 $.

13 Октомври – Биткоинот забележува нов рекорд. 5000 $ за Биткоин. Ова е највисокиот рекорд досега во историата на Биткоинот, со сите шпекулации, регулативи, забрани за размена, Биткоин се смета дека е на добар пат.

31 Октомври – КМЕ (Трговската берза на Чикаго),​​објави дека планира да воведе тргување со Биткоини до крајот на годината, само за еден месец подоцна, за да го отфрли таквиот план. Цената на Биткоинот изнесуваше 6121 $ и како резултат на објавувањето на Трговската берза цената на Биткоинот од 6400 $ порасна на 6600 $ за неколку часа. Пазарната вредност на Биткоинот изнесува 110 милијарди долари.

28 Ноември – Биткоинот руши уште еден нов рекорд. 10.000 $ за Биткоин.

18 Декември – Цената на Биткоионт го достигува својот најголем врв: 19498 $ за биткоин . Ова е нов рекорд во историјата на Биткоин .

28 Декември–  Јужна Кореја се заканува дека ќе ги затвори сите менувачници на криптовалути. Биткоин цената се намали, додека Јужна Кореја најави повеќе мерки за регулирање со Биткоин тргувањето.

2018 Почетокот на Биткоин не е толку добар. Цената се намалува и опаѓа. Многу земји како Индонезија, Индија, Кина, САД, Канада и многу други зборуваат за затворање на менувачниците и  повеќе прописи за Биткоин. После 19498 $ на 18 Декември, цената на Биткоинот паѓа на неверојатни  6456 $ за Биткоин за само после 2 месеци на 6 – ти Февруари. Сепак, со сите прописи, шпекулации и се што се случувало низ годините, Биткоин се уште останува силен. Последно ажурирање 26 февруари и ова е денот кога ја пишувам оваа статија – Биткоин цената изнесува 10.263 $. Дали цената ќе продолжи да расте и оваа година? Верувам дека да. Но,ајде да почекаме и да видиме. Како што гледате од историјата на Биткоинот, цената не се менувала многу цели 3 години. За 3 години се движеше нагоре и надолу од некои си 250 до 700 долари. Минатата година за само 4 месеци цената помина од 2787 $ и цело време беше рекордно висока 19498 $. За само 2 месеци подоцна да се намали на 6456$ и за 20 дена повторно да се искачи на 10263$.

Дали ова  е се намерно, за некои луѓе да профитираат повеќе?

Дали цената на Биткоинот ќе има нов рекорд оваа година?

Сето тоа го оставам на вас. Коментирајте, споделете.

Сите информации се позајмени од: (Wikipedia, 99 Bitcoins, Coindesk, Reddit, Bitcoinmagazine).

Ви благодарам што читавте

Следете ме на Фејсбук: http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте се на мојот блог: https://darkokipariz.blogspot.com/