Министерот, во кусиот исечок од видеоинтервјуто за МИА, кажа дека исплатата е согласно владината Програма, велејќи дека тоа не е никаква тајна и не е нешто што се крие за да се создава нервоза во јавноста бидејќи, како што рече, и тоа може да се провери

Претходно денеска, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, ниту премиерот Димитар Ковачевски ниту, пак, директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, не одговорија конкретно на прашањето дали на сметката на ЈПДП се префрлени 120 милиони евра и дали овие пари се наменети за „Бехтел и Енка“

Министерството за транспорт и врски веќе му исплатило вкупно 117 милиони евра државни пари на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), во рамки на првиот трансфер на средства наменети за американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ќе ги гради автопатските делници од коридорите 8 и 10-д.

Ова во интервју за МИА, коешто ќе биде објавено утре, го изјави ресорниот министер Благој Бочварски.

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски

Тој, во кусиот исечок од видеоинтервјуто коешто го објави агенцијата, кажа дека исплатата е согласно владината Програма, велејќи дека тоа не е никаква тајна и не е нешто коешто се крие за да се создава некаква нервоза во јавноста бидејќи, како што рече, и тоа може да се провери.

„Кон ЈПДП се исплатени средства од 117 милиони евра или во износ од 7 254 милијади денари. Оттаму, проектното одделение коешто е формирано во ЈПДП работи во директен контакт и комуникација со компанијата ‘Бехтел’ во реализација на останатите чекори и процедури согласно Програмата, согласно Договорот и согласно Законот за ‘Бехтел’,

вели Бочварски во видеоинтервју што МИА ќе го објави утре.