Компанијата за делење на превоз и возење ( конкурент на Uber ) Bolt започнува услуга за испорака на храна.

Ривалот на Убер, порано познат како Taxify, започна со испорака на оброци од околу 80 ресторани во Талин, Естонија, со планови да започне во други европски и африкански земји следната година. Овој потег уследи по голем број консолидации на европскиот пазар за испорака на храна: Во август, холандската компанија Takeaway.com се спои со британскиот „Just Eat“, откако исто така се согласи да го купи германскиот водечки сервис за испорака на храна Delivery за 930 милиони евра во декември.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк