Најголем пораст на пензиите во просек по 900 денари и 3.000 денари помош за секој пензионер

2022-03-06 18:00

„Владата предводена од СДСМ постигна договор за рекордно и досега најголемо зголемување на пензиите за околу 330.000 пензионери. Усвоивме нова методологија за континуиран раст на пензиите, за спокоен и достоинствен живот на пензионерите. Усогласувањето на пензиите според швајцарски модел ќе биде два пати годишно...

Рубљата тоне, но и европските валути се под притисок!

2022-03-06 17:00

На светските пазари вредноста на доларот нагло порасна минатата недела, додека еврото падна бидејќи војната во Украина ги насочи инвеститорите кон валути кои се сметаат за побезбедни засолништа за капиталот во неизвесни времиња. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни...

Visa и Mastercard ги прекинаа трансакциите во Русија

2022-03-06 16:00

Гигантите на глобалниот бизнис со картички Visa и Mastercard синоќа објавија дека ги прекинуваат трансакциите во Русија како резултат на нејзината инвазија на Украина. „Поради незабележаната природа на актуелниот конфликт и неизвесната економска ситуација, решивме да ги прекинеме нашите услуги во Русија“, објави Mastercard....

Манипулативни маркетинг техники за зголемување на продажба во време на пандемија – онлајн семинар

2022-03-06 15:00

Секоја сериозна компанија која нуди производи и услуги на пазарот мора да пронаоѓа нови техники да допре до своите потрошувачи, било тоа да користи стари или така наречени „пандемски“ маркетинг техники. За таа цел, дигитализацијата е едно од совршените решенија за пристап до секој...

Можност за бизнис зделки со грчки компании во Скопје 21 и 22 март

2022-03-06 14:00

АмЧам Македонија и АмЧам Грција ја организираат својата прва трговска мисија на компании од Грција во земјава. Трговската мисија ќе се одржи на 21 и 22 март во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје.Американската Стопанска Комора во  Македонија (АмЧам  Македонија) во соработка со...

Во услови на конфликт, нереални се изгледите за растот на македонската економија

2022-03-06 13:00

Во услови на неизвесност околу времетраењето и интензитетот на руско-украинскиот конфликт, како и околу можните ефекти од наметнатите санкции врз Руската Федерација за пазарите на енергенси, изгледите за растот на македонската економија во 2022 година се изразено надолни, односно претходната проекција од 4 отсто...

Македонија водечка земја во регионот по бројот на жени на менаџерски позиции

2022-03-06 12:00

  Голем број иницијативи насочени кон подигање на свеста за родовата еднаквост и недискриминација на жените во различни сфери на животот и бизнисот, придонесоа за зголемување на бројот на жени на највисоките позиции во водечките македонски компании. Најновото истражување спроведено од бизнис школата COTRUGLI покажува дека...

Ангеловска-Бежоска: Ефектите врз нашата економија ќе зависат во голема мера од европската економија

2022-03-06 11:30

Нашата економија, како мала и отворена е високо зависна од случувањата во европската економија. Засега не се очекува рецесија во Европската Унија. Европската централна банка, и покрај новонастаната ситуација со Украина, очекува годинава ЕУ да има раст, иако помал од првично очекуваниот. Сепак, ризиците се присутни и...

Кај нас ЖЕНИТЕ МОЖАТ! -50% ПОПУСТ на камата на брз кредит до 30.000 МКД!

2022-03-06 11:00

Кај нас ЖЕНИТЕ МОЖАТ! -50% ПОПУСТ на камата до 30.000 МКД https://krediti.com.mk/brz-pro?md=263 Со секоја апликација станувате потенцијален добитник на безвременска PANDORA белегзија. Акцијата трае до 08.03.2022

Mашина за производство на кислород – македонска иновација

2022-03-06 10:00

Mашина за производство на кислород e најновата иновација на Димитрија Ангелков. Апелира за поддршка од компаниите за нивно помасовно производство! Машина за призводство на кислород за медицинска и домашна употреба е најновата иновација која ја подготвува Димитрија Ангелков, професор и иноватор од Кавадарци. Смарт...