Зголемен е интересот за купување на акции на Комерцијална банка А.Д. Скопје, откако рано утринава неколку медиуми го објавија извештајот на еминентната европска инвестициска банка „Wood & Company“

Последните проценки велат дека таргет цената која беше поставена од оваа инвестициска банка, многу брзо ќе се оствари а во периодот пред нас, цената ќе оди уште нагоре.

За прв пат цената на акцијата на една компанија која котира на Македонска берза се анализира на европските пазари. Се работи за цената на акцијата на Комерцијална Банка, на која и се предвидува брз раст.

За многу брзо време цената на акцијата во „Комерцијална Банка“ ќе порасне до  7.953 денари – прогнозира чешката инвестициска банка „Wood & Company“, која важи за една од најдобрите финансиски институции во Европа и е тесно поврзана со многу проекти на Европската Комисија.

Извештајот на „Wood & Company“ е објавен на 10 септември и веќе дава резултати на македонската берза. Во исто време, тој предвидува брзо враќање на цената на акциите во „Комерцијална Банка“, по малиот пад кој се случи поради корона кризата.

Во периодот од трети септември до петок (11 септември) во период од пет трговски дена акцијата на „Комерцијална банка“ направи промет во класично тргување од еден милион евра. И тоа со раст на пазарната просечна цена од речиси 10 отсто. Акцијата на 3 септември имаше пазарна просечна цена од 6.415 денари за акција, а вчера на 14 септември просечната цена да изнесува 6.918 денари, а последната пазарна цена на акцијата да достигне 7.000 денари.

Според европската банка, цената на Комерцијална банка е најпотценета од цената сите компании кои котираат на нашата берза, тоа ќе придонесе да дојде до огромен раст. Дополнителна одличен индикатор при процената е тоа што Комерцијална редовно исплаќа висока дивиденда. во 2020 дивидендата изнесуваше огромни 8 евра по акција, а истата се очекува да се исплати и во 2020, во услови кога Стопанска Банка и НЛБ нема да исплаќаат дивиденди.

Анализата за брзиот раст на цената на акцијата во Комерцијална е 32 страници кои интегрално ви ги пренесува „Лидер“. Познатата Чешка инвестициска банка прави вакви анализи за компании во Бугарија, Словенија, Романија, Србија и Хрватска. „Комерцијална банка“ е единствената компанија за која има анализа од нашите акционерски друштва чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност.

Ова практично значи дека банката веќе влегува во очите на меѓународните инвеститори и можно е да очекуваме вртоглав интерес за нејзината акција а со тоа и уште поголем раст.