Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија завчерашниот ден, 20 јануари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 173,78 евра/mwh.

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 203,44 евра за мегават час.

Просечната цена на електричната енергија во текот на месец јануари до сега, (baseload till date) изнесува 138,33 евра за мегават час, што е за околу 123 евра пониска од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на декември.