Во денешниот современ свет, насекаде, дури и на работното место, се повеќе се „простува“ и толерира. Порано беше незамисливо вашиот претпоставен да биде ваш пријател, некој со кого повремено ќе пиете кафе, но сепак …

Денес не е невообичаено компанија да биде основана од некој помлад, или да управува со тим од млади луѓе кои се слични на него. Сепак, овој вид на врска носи еден вид ризик, бидејќи границата лесно се преминува. Вашите вработени треба да знаат дека вие сте, пред сè, нивниот шеф, и само тогаш пријател.

Ова може да го покрене прашањето дали постои, тогаш, вистинско пријателство? Експертите велат дека има, но можеби не е тоа на што сте навикнале. Во една анкета, дури 66 проценти од менаџерите го наведоа ова како главна пречка: како да се премине од шеф на пријател?

Многумина сакаат да им се доближат на своите подредени со цел бизнисот да биде поуспешен, а некои природно и спонтано се приврзаа кон своите работници. Генерално, студиите покажуваат дека дружењето на работа, помеѓу шефот и работникот, има многу предности.

Прво, се потенцира зајакнување на довербата, лојалноста и поддршката, а потоа се зборува за подобра комуникација и поголем степен на среќа на работното место. Поблиската врска им овозможува и на шефот и на работникот да се отворат ако нешто им пречи, да се ослободат од стресот, да побараат помош доколку работата „заглави“, но таа врска не треба да се злоупотребува.

Ако сте вработени, не очекувајте дека вашиот шеф ќе ги толерира сите ваши грешки, дека ќе можете да доцните на работа или да не доаѓате кога ви треба, без соодветно оправдување. Исто така, ако сте шеф, не барајте помош од работникот надвор од работното време – освен ако не е потребно, и не го оптеретувајте со обврски, само затоа што е приватно „добар“.

Придобивките што шефот може да ги има од дружењето со вработените се: фер однос, подобро запознавање на некоја личност (доблести и недостатоци), пониско ниво на лажење или озборување на работа, градење односи со луѓе на кои им верувате.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк