Оваа интелигентна количка ќе овозможи безбедно и самостојно движење на лицето кое ја користи, преку примање на наредба: движење на окото на корисникот кое ја определува насоката на движењето на количката!
Тим студенти и средношколци, наречен From Zero to Hero,  создадоа прототип за паметна инвалидска количка. Станува збор за иновативен систем кој помага една обична инвалидска количка да стане паметен сојузник на лице со физичка попреченост и да му даде можност за послободен и помобилен живот.

Давид Лазароски, Мартин Динев, кои се студенти на ФИНКИ и средношколецот Благојче Павлески креираа технологија која на целосно неподвижни лица им овозможува да се движат. Ова и не е големо изненадување ако се знае дека Мартин и Благојче четири пати се државни прваци во програмирање, а Давид девет пати првак во роботика. Инспирирани од нивната другарка Вероника, која има фзичка попреченост поради која е во инвалидска количка, овие млади луѓе со месеци развиваат и суовршуваат систем кој ќе им го олесни животот на сите кои се во инвалидска количка.

Како?

Иновативниот систем се состои од очила на кои има веб камера, за да може лицето со физичка попреченост да ја движи количката со поглед. Преку препознавање на рожницата на окото со вградени камери во очила кои се поставуваат на главата на корисникот во неа, таа се ориентира и движи во просторот според неговите желби.
Тимот на млади иноватори предвидува дека нивната технологија, односно систем од повеќе хардверски компоненти, ќе може да се вградува во постоечките инвалидкси колички и да има ниски достапни цени.

Прочитајте го целиот текст на Иновативност