Банката соопшти дека загубата е предизвикана од значителни трошоци поврзани со хеџ фондот „Аркегос“ со седиште во САД во првиот квартал, што ги неутрализира позитивните резултати забележани во управувањето со богатството и банкарството за инвестиции, пренесува американската ТВ станица CNBC.

Швајцарската банка Кредит Свис денес објави дека забележала нето загуба од 252 милиони швајцарски франци (295 милиони УСД) во првиот квартал на 2021 година.

Банката соопшти дека загубата е предизвикана од значителни трошоци поврзани со хеџ-фондот „Аркегос“ со седиште во САД во првиот квартал, што ги неутрализира позитивните резултати забележани во управувањето со богатството и инвестициското банкарство, пренесува американската телевизиска станица CNBC.

Швајцарскиот заемодавач предупреди на потенцијални големи загуби на почетокот на овој месец, откако не успеа скандалот со фондот „Аркегос Капитал“ поради превземање на премногу ризик за инвестирање. Кредит Свис изјави дека фондот им нанел финансиски удар од 4,4 милијарди швајцарски франци.

Поради огромната загуба, извршниот директор на инвестициската банка, Брајан Чин и шефот на одделот за управување со ризици и усогласеност, Лара Ворнер, поднесоа оставки.

Извршниот одбор на банката одлучи да се откаже од бонусот за 2020 година и го намали износот на предложената дивиденда.