Цените на благородните метали бележат пад на светските берзи, при што златото се тргува по цена од 3.952,05 долари за унца, додека среброто падна на 51,11 долари.
Според последните податоци од берзанското тргување, златото со рок на испорака во декември 2026 година ја намали вредноста за 48,45 долари, односно за 1,21 процент. Во текот на тргувањето цената се движела меѓу 3.929,77 и 4.005,62 долари за унца.
Негативен тренд бележи и среброто. Неговата цена достигна 51,115 долари за унца, што претставува намалување за 0,887 долари, или 1,71 процент. Во текот на тргувањето највисоката цена изнесувала 51,940 долари, а најниската 50,725 долари.
Падот на вредноста на двата благородни метали доаѓа во период на променливи движења на меѓународните финансиски пазари. Златото и среброто се меѓу најследените инвестициони инструменти, а нивните цени зависат од повеќе фактори, меѓу кои вредноста на американскиот долар, каматните стапки и очекувањата за глобалната економија.