Дениз Коутс, извршен директор на компанијата за игри на среќа Бет365, постави нов рекорд како најплатена извршна директорка во Велика Британија, со пакет од 421 милиони фунти (493,5 милиони евра), што ја прави една од најплатените корпоративни фигури во светот.

На дневна основа, Коутс има приход од 1,6 милиони долари.

Најновите извештаи покажуваат дека нејзината основна плата се зголемила за 277 милиони фунти во 2019 година. Зголемувањето следуваше и покрај фактот дека приватната компанија претрпе пад на приходите на 2,8 милијарди фунти, пишува „Irish Times“.

Нејзината плата е седум пати поголема од платата на Тим Штајнер, извршен директор на Ocado, највисоко платениот шеф на FTSE 100.

Исто така, таа е само малку пониска од платата на Илон Маск, извршниот директор на Тесла, која заработи 595 милиони долари во 2019 година, според Блумберг, што го направи најплатен извршен директор во САД. Весникот наведува дека треба да се земе предвид дека неговата заработка вклучува и акции.

Благодарение на успехот во бизнисот со коцкање што Коутс го презеде од нејзиниот татко пред 20 години и кој сега го поседува и го води заедно со нејзиниот брат, таа редовно беше најплатениот извршен директор во Велика Британија во последните пет години.

Минатата година беше најбогата жена во Велика Британија според списокот на Сандеј тајмс, но во 2020 година даде 85 милиони фунти за хуманитарни цели.