Деветгодишниот Рајан Каџи од Тексас заработи скоро 30 милиони долари во текот на изминатата година само од клипови на ЈуТјуб.

Трета година по ред, Рајан Каџи обезбеди толку многу приходи, но и титула на најплатениот Јутјубер, со „распакување“ и проценка на играчки и разни игри.

За година дена зад нас, тој собра 29,5 милиони објавувајќи видеа на каналот Рајан Ворлд на Јутјуб, пишува британски Гардијан.

Покрај тоа, овој деветгодишник заработи дополнителни 200 милиони од низата играчки што го носат неговото име и брендирани колекции облека.

Тој исто така потпиша договор со каналот Никелодеон за ТВ серија, за која се претпоставува дека вреди неколку милиони долари.

Деветгодишниот Рајан се нарекува детски инфлуенсер. Тој започна да снима видеа во 2015 година, откако виде неколку снимки од канал на Јутјуб и ја праша својата мајка: „Како не сум на YouTube кога се сите други деца?“.

Семејството на Рајан, кое го смени вистинското презиме Гуан во презимето Каџи, во моментов работи на девет канали на ЈуТјуб.

Каналот Рајан Ворлд е најпопуларен со 41,7 милиони претплатници и 12,2 милијарди прегледи. Само клипот Huge Eggs Surprise Toys Challenge има повеќе од две милијарди прегледи, што го прави едно од 60-те најгледани видеа на YouTube.

 

Камуфлирано рекламирање

И покрај огромниот успех, Рајан и неговото семејство се соочуваат со истрага на американските федерални служби поради обвинувања дека спонзорите не се соодветно обележани.

„Скоро девет проценти од видеата во кои Рајан оценува играчки содржат барем еден производ наменет за деца од предучилишна возраст, за кој се плаќа да се препорача. Децата од предучилишна возраст не разликуваат рекламирање од прикажување на играчка “, наведува организацијата за заштита на потрошувачи „Вистина во рекламирањето “.

Експертите предупредуваат на опасноста по децата дека инфлуенсерите на слична возраст се насочени кон клиенти и дека родителите обично не можат ни да го забележат тоа, а камоли да одобруваат такво нешто.