До 1 јуни-Винариите и откупувачите да кажат колку грозје планираат да откупат, по кои шеќерни единици, по која цена

До 1 јуни-Винариите и откупувачите да кажат колку грозје планираат да откупат, по кои шеќерни единици, по која цена. Од ,,Напредни лозари” потсетуваат дека од лозарството како земјоделска гранка егзистираат голем број семејства, а еден добар број семејства, имаат лозја како дополнителен извор на егзистенција.

До 1 јуни да се знаат условите околу откупот на грозјето од годинашнава реколта, во спротивно ќе преземеме порадикални мерки,реагираат од регионалното здружение „Напредни лозари”, со седиште во Кавадарци, пренесува МИА.

-Бараме поддршка од Владата и Министерството за земјоделство. Винариите и откупувачите да кажат колку грозје планираат да откупат, по кои шеќерни единици, за која цена по килограм, велат од Здружението.

Од ,,Напредни лозари” потсетуваат дека од лозарството како земјоделска гранка егзистираат голем број семејства, а еден добар број семејства, имаат лозја како дополнителен извор на егзистенција.

-Сакаме да посочиме на потребата од навремено преземање на сите мерки, неопходни да се избориме за нашиот статус и да го вратиме сјајот на нашиот лозарски регион и културата која грижливо ја одгледуваме. Не смееме повеќе да чекаме. Крајно време е да си го вратиме нашиот, лозарскиот дел од лозаро-винскиот колач, којшто со години беше намалуван на сметка на екстра профитите на преработувачите и откупувачите на грозје. Доведени сме на работ на сиромаштијата, а се заканува и уништување на лозарството. Август и септември не, јуни е месецот во кој треба да биде се чисто и кристално јасно за претстојната реколта – нагласуваат од Здружението.