Нема потреба од гужви во пунктовите за потпишување на нови договори за парно бидејќи тие ќе се испраќаат и по пошта до корисниците, најави вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика – РКЕ, Марко Бислимовски.

-Договорите потрошувачите во наредниот период ќе ги добијат и во сметките кои ќе им бидат испратени на почетокот на ноември за октомври. Таму каде што постои можност ќе се испратат тие договори и по и-меил, така да тој проблем е сега целосно надминат. Да не се прави дополнително гужва на пунктовите. И претходно кога БЕГ снабдување ја превземал дејноста потпишал договори со граѓаните и нема никаква опасност дека некој граѓанин ќе биде исклучен, посочи Бислимоски во гостувањето на ТВ Сител.

Тој посочи и дека има проблеми со внатрешната инсталација во некои топлотни пумпи, но парно ќе има.

– Имаме вообичеан почеток на грејната сезона. Таа е во рамки на нешто што било очекувано во изминатио период, а како ќе продолжи – немаме друга опција, мора да продолжи успешно. Да, проблеми има и тие не треба да се кријат. Проблеми има во вантрешната инсталација, во потстаниците. Секогаш грејната сезона почнувала со голем број поплаки од граѓаните, пред сѐ на ситуацијата со потстаниците. Но, парно во Скопје мора да има, мора да им се обезбеди греење на граѓаните под услови кои се пропишани, а тоа е 21 степен целзиусов, истакна Бислимовски.

Новиот снадбувач во следниот период ќе воспостави сопствен систем за плаќање онлајн. Пунктовите во Тафталиџе, Центар и Аеродром ќе бидат отворени од 9 до 18 часот и ќе работат во сабота до 13 и 30 часот.