dolar newДевизниот курс на еврото зајакна во однос на доларот под влијание на слабеењето на американската валута во однос на кошницата валути во околности на превирања на глобалните пазари на обврзници. Девизниот курс на еврото зајакна за 0,6 проценти на 1,1220 долари.

Вредноста на доларот генерално ослабе во однос на другите големи светски валути, што се рефлектира во пад на долар индексот, за 0,4 проценти во тргувањето на европските пазари.

Во фокусот на инвеститорите е  Грција која предвреме врати 750 милиони евра заем на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што е мал знак дека се ближи позитивен исход во преговорите помеѓу Атина и кредиторите од еврозоната.

Исто така во фокусот е и бранот на продажбата на обврзници како резултат на зајакнувањето на 10-годишните германски обврзници за 8 базични поени, на 0,67 проценти, наспроти износот од само 0,05 проценти на средината од минатиот месец.

Бранот на продажба се прошири на глобално ниво поради тоа што другите пазари мораа да се ускладат со повисоките приноси на референтните германски обврзници. Американските 10-годишни обврзници се тргуваа со највисок принос од декември минатата година, од над 2,3 проценти. Приносите на 10-годишни обврзници во Јапонија се движеа малку под највисоко ниво во 2015 година, на нешто над 0,45 проценти.