Донесена е новата програма за субвенционирање на земјоделството за 2023 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат скоро 6,4 милијарди денари. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвидена за растителното производство.

Со 2 милијарди денари годинава ќе се субвенционира растителното производство, а со 1 милијарда сточарството. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии за осигурување склучени од 1-ви август 2022 до 31-ви јули 2023 година со максимален износ на поддршка од 150.000 денари по корисник

За заштита на земјоделско земјиште се обезбедени 1милион денари за анализа на физичките и хемиските својства на почвата за стопанствата кои направиле агрохемиски или педолошки анализи годинава, а ќе се покриваат 80 проценти од трошоците, но не повеќе од 12.000 денари.

Остануваат и досегашните мерки за складирање на пченицата, субвенцијата за зелената нафта и помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство.

За заостанатите обврски поради специфичноста на производството и неисплатените субвенции на земјоделците од 2019 до 2022 година, за враќање на долгот се предвидени скоро 3 милијадра денари.