Според аналитичарите на банките, потенцијалниот раст е поддржан од проширување на работната сила, опаѓање на невработеноста и посилен раст

Компаниите во еврозоната се повеќе се соочуваат со ограничувања на капацитетот што ќе ја забрзаат инфлацијата, се вели во извештајот на Европската централна банка.

Оваа перспектива би требало да обезбеди одредена утеха за гувернерите, додека се подготвуваат да одлучат дали да ја запрат својата програма за откуп на обврзници оваа година, како што планираат. Серија разочарувачки податоци покажуваат дека економијата на еврозоната губи инерција, а новите податоци денес (понеделник) покажаа дека расположението на инвеститорите е најслабо од над две години, коментира Bloomberg.

Економијата на еврозоната се проширува со побрзо темпо од оценките за долгорочниот нејзин потенцијал, што доведува до постепено надминување на економскиот застој, се вели во извештајот на ЕЦБ.

“Се очекува ограничувањата во понудата да имаат се поголемо влијание во иднина, што ќе придонесе за постепено зајакнување на растот на платите и основната инфлација”, пишуваат аналитичарите на ЕЦБ. “Континуираната економска експанзија изгледа во голема мера е презрела и слободниот капацитет, создаден од глобалната финансиска криза и кризата со државниот долг се стеснува”.

Извештајот на ЕЦБ излезе непосредно пред Sentix да објавува показатели за довербата на инвеститорите, кој се распадна до 8,8 процентни поени – најслабо ниво од октомври 2016 година. Податоците од минатата недела покажаа дека економијата на еврозоната се проширува со 0, 2% во третиот квартал – половина од темпото што го очекуваат економистите.

Во исто време инфлацијата се забрза во октомври поддржана од повисоките енергетски трошоци, а притисокот врз основните цени исто така се крева. ЕЦБ ќе го одржи својот последен состанок за монетарната политика оваа година на 13 декември.

Аналитичарите велат дека потенцијалниот раст е поддржан од проширувањето на работната сила, опаѓање на невработеноста и посилен раст. Формирањето капитал се забрза, но останува на послабо ниво отколку пред кризата.