„Ние сме отворена економија со многу силни врски со европската. Европската економија е наш најзначаен трговски партнер, каде извезуваме 77% од вкупниот извоз. Европската централна банка излезе со три прелиминарни сценарија, во зависност од развојот на тековните случувања во Украина. Сепак, би потенцирала дека оваа состојба е навистина неизвесна и тешко е било која централна банка да ги прави проекциите тековно, токму поради голема неизвесност“, посочува Ангеловска-Бежоска.

❗️ Нашата економија, како мала и отворена е високо зависна од случувањата во европската економија.

👉 Засега не се очекува рецесија во ЕУ. Европската централна банка, и покрај новонастаната ситуација со Украина, очекува годинава ЕУ да има раст, иако помал од првично очекуваниот.

☝️ Сепак, ризиците се присутни и тие зависат од развојот на настаните, санкциите и времетраењето на кризата, посочува во интервју за МТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

🔗 Прочитајте повеќе на: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-06032022.nspx