Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе користи блокчејн технологија за издавање на двегодишни дигитални обврзници.

Блумберг дознава дека ЕИБ ќе ја искористи криптовалутата Ethereum за да регистрира дигитални банкноти во вредност од 100 милиони евра.

Инвестициската банка на Европската унија ги ангажираше групациите Голдман Сакс, Банко Сантандер и Сосиете Женерал да се занимаваат со продажбата.

Ethereum привлекува сè повеќе внимание во последно време. На пример, најголемата светска берза на финансиски деривати, ЦМЕ Групацијата, започна со издавање на термински фјучерси во февруари, пренесува Јутарњи лист.

Доколку ЕИБ и другите финансиски гиганти започнат да издаваат плаќања во Ethereum, може да има масовно усвојување.

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард неодамна изјави дека Европската унија може да го добие дигиталното евро до 2025 година, под услов идејата прво да добие поддршка од членките на еврозоната кои имаат свои претставници во административниот дел на ЕЦБ.

Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Фабио Панета, им порача на членовите на Комитетот за економска и монетарна политика на Европскиот парламент (ЕКОН) дека дигиталното евро може да биде успешно само ако ги исполнува потребите и очекувањата на граѓаните.

„За учесниците на јавната консултација се покажа дека најважните карактеристики на дигиталното евро се приватноста, безбедноста и широката употребливост“, им рече на членовите на Европскиот парламент, членот на одборот на ЕЦБ, Фабио Панета.