Санкциите кон Русија поради војната во Украина ги намалија испораките на руска нафта, иако помалку од очекуваното, а ЕУ беше главен извозен пазар за руските барели во април, објави денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Во средината на март, ИЕА предупреди дека резервите на руска нафта можат да бидат намалени за три милиони барели дневно од април, а денеска вторпат ја намали својата проценка, наведувајќи дека само еден милион барели дневно доаѓаат од Русија поради послабиот извоз и падот на домашната побарувачка.

Доколку купувачите ја заобиколуваат руската нафта поради санкциите, се очекува во мај на дневно ниво да се намали на 1,6 милиони барели, за два милиони во јуни и за речиси три милиони барели дневно во јули.

Рускиот извоз во април забележа раст од 620.000 барели дневно, во споредба со март, и изнесуваше 8,1 милиони барели дневно.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) наведе дека и покрај ембаргото, ЕУ сѐ уште е најголемиот извозен пазар за руска нафта во април, со намалени резерви од само 535.000 барели дневно од почетокот на годината.

Русија сега извезува 43 отсто од нафтата во ЕУ, а претходно извозот изнесуваше 50 проценти.