1 evroДевизниот курс на еврото повторно е во опаѓање во однос на доларот и швајцарскиот франк. Еврото во однос на доларот падна за 0,82 проценти, на 1,1031 долари. Во однос на швајцарскиот франк, еврото падна на 1,0390 швајцарски франци.

Долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шестте водечки светски валути се зголеми на 96,14 поени. Од почетокот на оваа недела бележи зголемување од над два проценти, а со тоа е на пат на првата добивка во изминатите шест недели.

Зајакнувањето на доларот за четири центи во само два дена на почетокот на оваа недела, по еден месец на пад, ги охрабри инвеститорите во однос на растот на американската валута. Сепак, во блиска иднина девизниот курс на доларот сеуште зависи од податоците од најголема економија во светот.

Кога Банката на федерални резерви ќе донесе одлука за зголемување на каматните стапки се уште е неизвесно. Студената зима и бројните штрајкови на пристаништата во најголемата економија во светот резултираа со низок раст во првите три месеци од оваа година. Затоа, првично очекуваното зголемување на каматните стапки кон средината на 2015 година сега се смета за неверојатно. Аналитичарите очекуваат сега очекуваат тоа да се случи во втората половина од годината или на почетокот на следната.