Ограничувањето на цената на руската нафта воведено од Г7 и ЕУ целосно се игнорира, бидејќи речиси ниту еден поморски товар не се тргува под границата Б, објави во вторникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на западни официјални лица и податоци за рускиот извоз.

Механизмот, кој беше воведен за да ги намали приходите од извоз на Москва, беше воведен во декември 2022 година, а овој февруари беше проследен со слични ограничувања на извозот на руски нафтени деривати.

Според ФТ, еден висок функционер на ЕУ признал дека Москва успешно ја заобиколува границата, бидејќи „речиси ниту една“ од пратките на сурова нафта не била продадена под границата на цената.

Овааинформација ја потврди и официјалната статистика на Русија, која покажува дека просечната цена на продадената нафта во октомври била 80 долари за барел.