Изминатите неколку години сите се соочивме со непредвидливи предизвици од глобален размер, а особено во финансискиот свет каде економиите ширум светот доживеаја огромни шокови. Во овие времиња на модерна криза, несомнена е потребата за заедничка акција од страна на институциите за одржување на стабилноста и безбедноста на финансискиот пазар.

Кај нас на домашниот пазар, можеме да заклучиме дека благодарение на времено преземените мерки и подготвеноста на институциите, успешно се справивме со растечките предизвици за време на Ковид кризата. За обезбедување на еден стабилен, безбеден и праведен финансиски пазар и здрава финансиска клима која поттикнува раст, потребни се цврсти основи – темели поставени на докажани законски решенија кои соодветствуваат на потребите домашната економија, а се во контекст на поставената Европска практика. 

Несомнено е дека за да креираме услови за активен напредок на сите финансиски чинители во земјата и успешно да се приближиме до целосна хармонизација со финансиските пазари на ЕУ, потребно е да се осврнеме на успешните примери на земјите-членки на Унијата. Во изминатата деценија забележлива е наклонетоста на ЕУ кон изнаоѓање решенија кои имаат заедничка цел, а успешно одговараат на локалните потреби на секоја од земјите – членки. 

Еден ваков пристап ни е потребен и на домашен терен кој ќе нè доведе до состојба да се приближуваме до практиките на ЕУ и така да покажеме дека сме подобни за членство во Унијата. Примерите од нашите соседи и земјите со слични системи се одлична водилка за нас и во нив треба да ги препознаеме сите елементи кои би биле апликативни во домашниот пазар, а кои директно ќе допринесат кон негово унапредување и долгорочна стабилизација. 

Институциите и сите чинители на финансискиот пазар кај нас треба да зачекорат кон изнаоѓање решенија со еден интегриран, системски и мултидисциплинарен пристап. За тоа да се оствари, неопходен им е заеднички простор за размена на идеи и експертиза којшто ќе им овозможи конструктивен дијалог и  заедничко изнаоѓање на решенија.

Инспирирани од успешните приказни на финансиските институции во Европа, ЕОЅ Матрих се стреми да создаде финансиска заедница која успешно ќе го издигне домашниот финансиски пазар на едно повисоко ниво. Со новата платформа на ЕОЅ Матрих, под насловот „Finance Talks“ креираме можност за системска промена преку транспарентно комуницирање и размена на увиди, анализи и експертиза на актуелни теми кои се од големо значење за финансискиот свет во Македонија. 

Втората по ред панел дискусија ќе се одржи во втората половина на овој месец и ќе ја разработи темата „Придобивки од имплементација на европските законски решенија во домашниот финансиски сектор“ со единствена цел да ги земе предвид увидите на сите засегнати страни да предложи чекори кои ќе придонесат кон унапредување на домашниот финансиски пазар. 

Панел дискусијата ќе ја модерира генералната директорка на ЕОЅ Матрих Д-р Катерина Бошевска и кон темата ќе придонесат панелистите : Г-дин Фатмир Бесими, Министер за Финансии при Министерството за Финансии на Република Северна Македонија, м-р Бранко Грегановиќ, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и д-р Горан Василев, Генерален директор на ИУТЕ Кредит Македонија. 

Заклучоците и изведените анализи, како и целосен видео запис од дискусијата ќе биде достапен на официјалната веб-страна на ЕОЅ Матрих: https://mk.eos-solutions.com/press/Finance-Talks