Во последно време, т.е. од стечајот на Еурстандард Банка се изнагледавме мега интервјуа на сопственикот Трифун Костоски како тој, против организираниот заговор на космосот против него, како сопственик и претседател на Надзорниот одбор, во епска битка со управителот Николче, како и остатокот од државата, лие крокодилски солзи дека сите се организирале од врвот на државата до последната чистачка во основното училиште во с. Вукоебово, и на мрачен, нечесен начин му ја пропаднале банката.

На Трифун Чесниот, целата карма и космосна прашине се соедина за да му ја пропадне банката.

Дури и да е така, што не е, и често пишував на оваа тема, нов настан ми остави впечаток.

Веднаш после стечајот и пресовите за овие неправдини, излезе текст низ медиумуте дека ќерка му ќе градела некаков си грандиозен објект кај некоја си кафана во Скопје… Логичен след на настаните… Јас не ни очекувам македонскиот транзициски опинок ( мислам на сите не само на Трифун ) дека ќе вложи во криптовалути или зелена економија, во ИоТ или постројка за екоенергија или електричен автомобил. Тие транзициски мешлаци можат да вложат во кафана се знае…  Каде што и ги добиле и каде и што ги изгубиле транзициските богатства… Тоа е нивото на интелект и визија на транзициските лопови и говнари што ни ја украдоа младоста.

Но ова со кафаниве ми беше „испод части“ да го коментирам, па решив да преќутам. Но, сега читам дека неговиот син Коки, отварал некаков си инвестиционен фонд. Од Швајцарија, со уште неколку пробисвети, ќе инвестираат, а ќе продолжат да мобилизираат уште пари од граѓаните. Бидејќи со овие во банката досега се покажаа како јако успешни, сега одиме во инвестиционо банкарство. Низ белиот свет, во бели инвестиции ќе инвестира црни Коки и бандата.

Нема проблем, се е тоа легитимно, само ме занима една реченица еднаш што ми ја кажа еден мудрец од кој што учев: „ Нелегално стекнатите пари, кога тогаш, мора некаде да пробијат“…

Дали, додека Трифун кука и лелека по медиуми, ни прави а ла Грујо и 40 разбојници – шоу, каде што парите втеа втеа и преку Белизе на крај в газ ни се забодуваа како Странски Директни Инвестиции и со тоа го допотврдуваа нашето робство…

Сигурен сум дека и во случајов е нешто слично… Ги испумпаа, ги извртија парите и сега на крај преку Коки Носон ќе ги закачат во македонската папсана бартер економија и ковчестите задници на нивните штедачи.

На здравје штедачи !

 

Наум Димитровски