Со оглед дека предлогот субвенции за греење од 700 евра не би можел да биде достапен за многу германски граѓани, магазинот „Феникс“ пишува дека за борба против овој проблем, Левица бара да се воведе годишна субвенција за греење од 700 евра по физичко лице и 300 евра за секое дополнително лице во домаќинството. Идејата зад ова се заснова на Фондот за греење во Минхен, кој ги поддржува граѓаните со ниски приходи од 2022 година.

Во Минхен парична помош добија над 15.000 домаќинства, со вкупно обезбедени речиси 20 милиони евра. Дека проектот беше успешен, особено во Баварија, каде што ваквите социјални предлози ретко наидуваат на отпор, им дава надеж на другите сојузни држави и градови.

Имено, според проценката од 2023 година, околу 310.000 жители на Берлин не можеле доволно да ги загреат домовите, па Левица сака да го протурка својот план, но критичарите од другите партии го сметаат планот незрел и неправеден. ЦДУ смета дека идејата е премногу општа.

Дополнително, СПД смета дека дополнителен фонд би бил излишен и може само непотребно да ги оптоварува социјалните фондови.

Левица започна кампања за да им овозможи на граѓаните да си ги проверат сметките за парно. Резултатите се алармантни: секоја петта сметка била неточна. Во секој случај, дебатата за зголемувањето на трошоците за енергија сè уште не е завршена, пишуваат германските медиуми.