Очекуваме построгите финансиски услови и послабите фискални стимулации да бидат клучни двигатели за забавувањето, рече банката

Goldman Sachs очекува економијата на САД значително да забави во втората половина на следната година, во услови на континуиран пораст на каматните стапки на Федералните резерви и слабеењето на ефектите од даночните реформи во земјата.

“Многу е веројатно растот да успори значително следната година, од скорешното темпо од 3,5% плус, приближно до нашата оценка за потенцијал од 1,75% до крајот на 2019 година”, вели Јан Хациус, главен економист на единицата за инвестициското банкарство во белешка цитирана од CNBC. “Очекуваме построги финансиски услови и послаби фискални стимулации да бидат клучни двигатели за забавувањето”, рече тој.

Банката очекува економски раст од 2,5% во четвртиот квартал на оваа година, што претставува намалување од очекуваниот раст од 3,5% порано годинава. Реалниот раст на бруто домашниот производ ќе биде во висина од 2,5% повторно во првиот квартал на 2019 година, но потоа ќе се забави до 2,2%, 1,8% и 1,6% во наредните три квартали.

Од Goldman очекуваат ФЕД да зголеми каматните стапки во декември и повторно уште четири пати во текот на 2019 година Централната банка ќе го стори тоа, бидејќи инфлацијата ќе достигне до 2,25% до крајот на следната година. Главната причина за ова ќе бидат трговските давачки и зголемувањето на платите, предвидува финансиската институција.

Сепак, Голдман не очекува растот наскоро да стане негативен.

“Засега ниту ризиците од прегревање, ниту финансиските дисбаланси – класичните причини за рецесија во САД, изгледаат сомнително”, посочува Хациус. Според него, како резултат на тоа економската експанзија е на пат да стане временски најдолгата во американската историја во 2019 година и дури и наредните години не се очекува рецесија.