Голем е интересот за закуп на плажите долж брегот на Охридското Eзеро. Во понеделник истекува рокот за пријавување за учество на јавното наддавање за поставување на урбана опрема за закуп во период од 3 години. Најпримамливи се локациите во близина на градот каде и претходно имаше популарни  капалишта. Градоначалникот Пецаков најави дека плажите ќе бидат согласно препораките на Унеско, ќе има урбана опрема, шанкови и маси но нема да има цврсти нелегални градби како порано.

Граѓаните сметаат дека плажите треба да се уредени но да има и слободен простор без маси и лежалки.

Новите сопственици ќе треба да издвојат најмалку 720 илјади денари за површина од 800 м2 или нешто над 11 илјади евра, колку што е минималниот годишен закуп за најскапиот шанк кој ќе се издава на охридското крајбрежје, додека најниските цени за закуп од 150 м2, ќе наддаваат по почетни цени од 75 илјади денари.