Најголемата американска компанија за трансфер на рафинирани нафтени производи, Colonial Pipeline, ја затвори целата мрежа по сајбер нападот.

Откако дозна дека е жртва на сајбер напад, оваа компанија затвори одредени постројки, привремено запирајќи ја работата на нафтоводи и важни ИТ системи. Ангажираше и експерти за сајбер безбедност да ја испитаат сериозноста на хакерскиот напад.

„Во моментов, нашиот фокус е безбедно и ефикасно да го вратиме нашиот систем во нормала“, се вели во соопштението на Colonial Pipeline, кое го пренесе Бизнис инсајдер.

Компанијата е најголемиот оператор на нафтоводи во земјата, испорачувајќи повеќе од 100 милиони литри бензин, дизел, керозин и други масла дневно, преку гасоводен систем што се протега на 5.500 милји, од Хјустон, Тексас до Њујорк.

Приближно 45 проценти од целото потрошено гориво на источниот брег на САД минува низ нивните нафтоводи.

Сè уште не е јасно кој и со каков мотив го извршил овој сајбер напад. ФБИ и Советот за национална безбедност на Белата куќа сè уште не одговорија за инцидентот. Федералната агенција за инфраструктура и безбедност, вклучително и сајбер безбедноста, од друга страна, упати за одредени проблеми во компанијата.

Едно време, неуспешниот обид на хакерите да го прекинат снабдувањето со вода на мал град во Флорида, веќе ја крена јавноста во насока на потребата од поголема заштита на клучната инфраструктура во САД, што се покажа како многу ранливо на нападите од софистицирани криминалци.

Засега е непознато колку ќе трае блокадата на гасоводите на Colonial Pipeline. По објавата на компанијата за непријатниот настан, фјучерсите на бензинот се зголемија за 0,6 проценти.