Компаниите од еврозоната станаа очајни во потрагата по работници, особено во многу бараните професии како што е информатичката технологија. Затоа воведоа парични бонуси за одредени фази од процесот на селекција.
„Financial Times“ го наведува примерот на „Deutsche Familienversicherung“, брзорастечка осигурителна компанија чиј основач, Стефан Кнол, смислил досега незамислив начин за привлекување потенцијални вработени.
Тој им нуди 500 евра на кандидатите чии биографии ги издвојува доколку дојдат на првото интервју за работа. Преминувањето во вториот круг интервјуа носи уште 1.000 евра, а успешното завршување на шестмесечниот пробен период компанијата на Кнол го наградува со дури 5.000 евра.
„Особено е тешко да се најде некој со ИТ вештини. Ние се натпреваруваме со гиганти кои лесно можат да вработат стотици експерти од целиот свет. Но, ние не сме заинтересирани за вработени, на пример, од Индија, туку сакаме луѓе од овде, од Франкфурт“, вели Кнол.
Неговиот необичен пристап кон вработувањето покажува колку недостигот на работна сила се проширил во Германија, но и во остатокот од Европа.