Претседателот на Собранието, Талат Џафери, иницијативата на ССМ за Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата ја доставил до пратениците по четири дена од денот на поднесувањето на истата.„Му се заблагодаруваме на Претседателот на Собранието, Џафери за брзата реакција и ги повикуваме пратениците, согласно нивните надлежности, истата да ја прифатат и да го искористат своето право согласно член 132 од Деловникот за работа на Собранието и со тоа да го искористат право да предложат донесување на закон, кое право го има секој пратеник во Собранието и треба да го искористат по иницијативата на ССМ.

Ги охрабруваме и пратениците, предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија доставен од страна на ССМ, согласно своите надлежности да го поддржат и предложат и тие“, се вели во соопштението од Сојузот на синдикати на Македонија.