Владата на Република Северна Македонија на денешната 156 седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2023 година, предложена од Министертсвото за труд и социјална политика.
Од Владата велат дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија се задолжува да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.5.2023 година.
– Се препорачува на деловните банки, да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа, од 29.05.2023 година. Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за граѓаните кои не користат картички, според распоред во зависност од висината на пензијата и тоа:
· за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
· за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
· за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
· за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток), велат од Владата.