Давид Барал, поранешен фудбалер на Реал Мадрид (37 години), стана првиот фудбалер во историјата кој потпишал договор чија вредност е изразена во криптовалутата биткоин.

Имено, тој потпиша договор со пониската класа на тимот Интер од Мадрид, пренесуваат унгарските медиуми, а специфичноста на овој трансфер е што тој не бил платен во готово, ниту парите биле префрлени од една на друга сметка, туку биле целосно исплатени во криптовалута.

„Среќен сум што сум дел од овој проект. Јас сепак сакам да играм фудбал, и ова е комплетно нов предизвик за мене “, изјави Барал, пренесува Блиц.

За време на својата професионална кариера, шпанскиот напаѓач беше член на Реал Мадрид од 2002 до 2006 година, но најмногу играше на позајмица во Кастилја. Тој исто така има играно за Леванте, Гранада и неколку тимови во Кипар и Јапонија.

Оваа трансакција се случи затоа што Интернационал де Мадрид е дел од eSport организацијата DUX Gaming од летото 2020 година, чиј ко-сопственик е поранешниот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

Меѓу спонзорите на клубот е Криптан, шпанска платформа за тргување со криптовалути, па логично е да се заклучи дека на овој начин тие сакаа да ги популаризираат услугите на нивниот спонзор.

Така е направен првиот професионален договор на фудбалерите, кој се плаќа со биткоин. Иако сумата не е објавена, во медиумите се шпекулира за еквивалент на 100.000 евра, или 3,3 биткоини.