yenЈапонската економија во моментов е во рецесија, БДП се намали за 1,9 % во третиот квартал, што дојде како големо изненадување. Јапонската влада и Централната банка на Јапонија делуваат со разни економски мерки за да ја вратат економијата во колосек меѓутоа тоа се уште не дава резултати.

Владата на премиерот Шинзо Абе планирааното  зголемување на данокот на потрошувачката на 10 % во 2015 година  го стави во мирување и е пролонгирано за Април 2017 година, поучени од овогодинешното Априлско зголемување на данокот на потрошувачката од 5 % на 8 % што доведе до остар пад на потрошувачката на домаќинствата и се уште е во надолна линија, која што  учествува со 60 % во  БДП на Јапонија.

Од една страна во полза на јапонските извозници во овој период е тоа што курсот на јенот во моментов е на најниско ниво во последниве години во однос на американскиот долар, бидејќи нивните производи на светските пазари стануваат поконкурентни. Но меѓутоа од друга страна голем дел од инвеститорите почнаа да ги продаваат своите удели и да ги префрлаат средствата во други економии, претежно во САД и Европа.

Ваквата состојба во Јапонија се следи внимателно поради опасноста да дојде до повлекување и на други економии во рецесија.