Разгледувајќи го извештајот за 100 најголеми фирми по добивка што неколку години по ред го публикува порталот Пари, овој податок „бодеше” очи во извештајот за 100 најголеми по добивка. Еве какви добивки оствари фирмата што го гради вечниот автопат од Кичево кон Охрид…

„Синохидро корпорејшн лимитед – Пекинг, подружница Скопје“ која го гради автопатот Кичево-Охрид минатата година остварила добивка од дури 7 милиони евра, покажуваат податоците од платформата на БизнисМрежа.мк. Во 2020 година пак, компанијата била во загуба од 19 милиони евра, но во 2019 била во добивка од 24 милиони евра!

Кинеската комапнија во македонската јавност беше прифатена со големи резерви уште откако се најави дека таа ќе биде главен изведувач на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип.

Финансиски показатели за „Синохидро корпорејшн лимитед“

ПОКАЗАТЕЛИ 2021 ГОДИНА 2020 ГОДИНА
Добивка/Загуба 7 мил. евра – 19 милиони евра
Приход 59,5 милиони евра 45,8 милиони евра
Вработени 417 142
Извор на податоци: БизнисМрежа.мк.

Според финансиските податоци може да се види дека „Синохидро корпорејшн“ работeл со висока стапка на профитабилност. Односно, од наплатените 59,5 милиони евра од државната каса за своето работење, имал добивка од 7 милиони евра, или таканаречената стапка на профитабилност како сооднос меѓу приходот и добивката му била дури 11,76%.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/kineskata-kompanija-ohrid-dobivka-7-milioni-evra/