wef-logoОд 21 до 24 јануари во Давос Швајцарија се оджува Светскиот економски форум на кој присуствуваат најбогатите и највлијателните луѓе во светот.

Милионерите кои присуствуваат во Давос најголема загриженост гледаат на порастот на терористички напади по светот, падот на цената на нафтата и кризата во Украина.

Ирскиот телекомуникациски магнат Denis O’Brien, претседател на Hamilton Grupe, најмногу е загрижен за односите на реација Русија, Европа и САД. Тој смета дека ЕУ, САД и ММФ треба да и помогнат на Украина за да ја избегне економската и должничката криза.

На прашањето доколку некој би му поклонил 100 милиони долари каде би ги инвестирал, O’Brien 60 милиони би инвестирал во Yandex руска интернет компанија која има удел од 60% на пазарот во Русија, а останатите 40 милиони во мобилниот оператор VimpelCom Ltd. Според неговата проценка нафтата до крајот на годината ќе достигне цена од 60 долари за барел.

Милијардерот Adi Godrej тврди дека цената на нафтата ќе се движи околу 45 долари за барел, и дека најголема закана за глобалната сигурност е Исламската држава. Godrej поклонетите 100 милиони долари би ги инвестирал во америкаскиот долар или во злато.

Еден од 15 индијски милијардери кои се во Давос е и Rahul Bajaj. Тој смета дека тероризмот и нееднаквоста се најголема закана за стабилен глобален систем. Мисли дека најдобра инвестиција во моментов е вложување во неговата семејна фирма.

Mario Moretti основачот на италианскиот производител на чевли Geox, смета дека загрижувачка е европската политика и порастот на влијанието врз неа од страна на популистичките партии. Тој смета дека нафтата оваа година ќе се движи околу 70 долари за барел, а би инвестирал во америкаски долари и злато.

Што се однесува до руските бизнисмени, David Yakobashvili, претседател на Bioenergy Corp., не очекува раст на америкаската референтна каматна стапка затоа што америкаската економија е во опоравување и сега најмалку им треба нешто што би ги исплашило инвеститорите. Според него цената на нафтата оваа година нема да расте, а најмногу е загрижен за воените конфликти во светот.