Маските годинава се враќаат во Струмица со целиот свој имагинарен дух и со загарантирана забава за доследно почитување на традицијата на познатиот Струмички карневал.
Енергијата, уникатноста и традицијата што ги негува Струмичкиот карневал се вредности за почит и доволна причина што Комерцијална банка и оваа година ќе биде Генерален спонзор на овој македонски туристички бренд.
Струмичкиот карневал е еден од најзначајните настани во текот на годината, кој ја позиционира земјава на меѓународната туристичка мапа.