Широката мрежа на cash-in банкомати на Комерцијална банка ги прави вашите финансиски трансакции брзи и ефикасни. Сега, корисниците на дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка имаат можност за уплата на готовина на својата сметка на 48 cash-in банкомати распоредени низ земјата.

Со овие технолошко современи уреди Комерцијална банка им овозможува на своите клиенти да уплатат пари на своите дебитни или кредитни картичка секогаш кога имаат потреба од тоа без потреба од одење на шалтер. Cash-in банкоматите се достапни 24/7, а парите на клиентите им се на располагање секаде и во секое време.

Банкоматот ги прифаќа сите банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Со секоја поединечна трансакција може да се внесат до 40 банкноти.

Локациите на кеш-ин банкоматите се достапни на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=atm&filter=2&filter=2